Лавров: Киев е главен виновник за кршењето на Договорот од Минск

Од:

Киев продолжува да го крши договортот постугнат меѓу лидерите на земјите од „Нормандиската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) во Минск, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој посочи дека продолжуваат нападите, се доцни со формирање на работните групи и оти нема напредок во исполнување на политичкиот дел од Договорот од Минск.

Како што јави ТАСС, Лавров, по средбата на министрите за надворешни работи од „Нормандиската четворка“ во Берлин, наведе дека во Украина се создава атмосфера на нетрпеливост кон жителите во југоисточниот дел од земјата, кои и ги обвинуваат за сепаратизам бидејќи сакаат да живеат во согласност со својата традиција.

– Министрите потврдија дека Договорот од Минск треба да се имплементира во целост, посочи Лавров.

Догововорот во Минск беше постигнат на 12 февруари и предвидува целосен прекин на огнот во источна Украина и повлекување на тешкопто вооружување.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија