Лавров го обвини Западот за русофобија

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа, во говор на 77. годишна сесија на Генералното собрание на ОН го обвини Западот за „русофобија без преседан“.

– Официјалната русофобија на Запад е без преседан, а нејзините размери се гротескни, истакна Лавров.

Тој тврди дека западните сили „не се двоумат да ја објават својата намера не само да нанесат воен пораз на (Русија), туку и да ја уништат“.

Лавров се осврна и на осудата од Западот, посебно од САД, на референдумите за присоединување со Русија, што се одржуваат во украинските региони под руска контрола.

За него референдумите значат дека локалните жители ја враќаат „земјата каде што нивните предци живееле стотици години“.

Тој ги обвини САД дека се обидуваат да го претворат целиот свет во нивни „двор“.

– Денес се одлучува за иднината на светот, посочи Лавров.

Според него светската криза укажува на „крај на хегемонијата на САД и можност за транзиција кон праведен и демократски мултилатерален светски поредок“.

Според шефот на руската дипломатија, збогатувањето на Западот на сметка на ресурсите на Азија, Африка и Јужна Америка е минато.

Тој, исто така, го обвини Западот за кризата со храна и енергија, која, според него, настанала како резултат на „неконтролираните монетарни емисии во САД и ЕУ за време на пандемијата“ и „неодговорните постапки на Европска Унија на пазарите на јаглеводороди“, а „само се продлабочува најавена од Западот економската војна со Русија“.

Лавров ги повика земјите од светот да се приклучат на „Групата на пријатели во одбрана на Уставот на ОН“, а во исто време не ја исклучи можноста за проширување на Советот за безбедност со зголемување на застапеноста на Африка, Азија. и Јужна Америка.

Тој посебно ги посочи Индија и Бразил како потенцијални кандидати за постојани земји-членки на Советот за безбедност на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани