Лавров: Црногорците не ги заборавиле бомбите на НАТО

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека присоединувањето на Црна Гора кон НАТО е „уметничка одлука“, која на Алијансата нема да и донесе дополнителна безбедност, и притоа подвлече дека црногорскиот народ не ги заборавил бомбардирањата на НАТО од 1999 година, пренесе Танјуг.

– Црногорскиот народ едвај да ја прифаќа идејата на раководството нештата да се забрават со приклучувањето кон НАТО, рече Лавров во денеска објавеното интервју за весникот „Московскиј комсомолец“.

Министерот посочи дека проблемот не е во Црна Гора, туку во начинот на кој НАТО ги третира не само развојот на односите со Русија, туку и поддршката за светската безбедност.
Според Лавров, преувеличувањето на митот за „руската закана“ му е неопходен на НАТО за да го оправда своето постоење.

– НАТО одговара за својата зона и како што е посочено во Вашингтонската спогодба, предлага колективна одбрана од напади. Но, тогаш нека останат внатре во своите граници и никој нема да ги закача. Тоа не им е доволно, затоа што на тој начин постоењето на воено-политичкиот блок ја губи смислата, изјави рускиот шеф на дипломатијата.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија