Лавата од вулканот Килауел го загрозува градот Пахоа на Хаваите

Од:

„Потоците“ од жешка лава која подолго време полека тече кон градот Пахоа на Хаваите, стигна до првите куќи во ова место, соопшти претставник на локалната полиција.

Една семејна зграда веќе е целосно уништена во Пахоа, на Големиот Остров. Никој не настрада, затоа што станарите на време беа евакуирани. Сведоците изјавуваат дека биле потребни само 45 минути, целосно да изгорат семејната куќа и целиот имот од 300 квадратни метри.

Лавата од овој вулкан на Хавајските Острови директно го нападна градот уште пред две недели. Многу семејства се евакуирани бегајќи пред лавата, а други се подготвуваат да си заминат и да го остават целиот свој имот на милост и немилост на лавата.

Вулканолозите предупредуваат дека таа би можела да уништи еден дел од овој град.

Полицијата соопшти дека ке им помага на жителите на Пахоа, да го следат движењето на лавата и да го снимаат нејзиното разурнувачко дејство врз нивните куќи и имотот од една безбедна височина над градот. Ваквите снимки ќе им бидат потребни на луѓето за да може да ја наплатат штетата од осигурителните компании.

Експерти објаснуваат дека е речиси невозможно да се запре течењето на лавата, чија температура од 1.000 степени Целзиусови уништуваат се што ќе и се најде на патот.

Нејзината патека на движење тешко може да се предвиди за да може да се одбегне, затоа течението на вжештената маса зависи од конфигурацијата на теренот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски