Лава од вулканот Килавеа се приближува кон населено место на островот Хаваи

Од:

Лава од вулканот Килавеа почна да се излева кон село на островот Хаваи, приближувајќи се на 60-тина метри од куќите.

Жителите се предупредени за евакуација, а лавата се движи со брзина од пет до девет метри на час. Доколку ја зачува траекторијата и брзината, таа ќе стигне до куќите за речиси 24 часа.

Од постојано активниот вулкан се излеа определено количество лава на 27 јуни, потоа кон крајот на септември запре, а малку подоцна повторно се активира. Од неделата досега лавата поминала 250 метри.

Според експерти, широчината на потокот од лава вчера била околу 50 метри, при што биле прекриени гробишта по нејзиниот тек кон селото Паоа, каде живеат 800 луѓе.

Американскиот Црвен Крст отвори и времени засолништа, соопштија локалните власти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он