Лајтнер објави планови за „градежни мерки“ на границата со Словенија

Од:

Австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер при посетата на граничен пункт вчера соопшти планови за „градежни мерки“ по границата со Словенија, јави ДПА.
– Наложив да се изготват планови за вонредни градежни мерки, изјави Микл-Лајтнер при посетата на граничниот пункт Шпилфелд. Таа појасни дека не станува збор за изградба на ограда, туку за мерки за подготовка за евентуално заострување на ситуацијата по границата.

Микл-Лајтнер изјави дека е неопходно да се обезбеди контрола врз влегувањето на луѓето во Австрија, а изготвувањето на плановите треба да започне. 

При сценаријата, за кои се предвидени тие, станува збор за изградба на технички огради со должина од неколку километри од лево и од десно на граничниот пункт Шпилфелд. Имено, таму во последно време по неколку илјади бегалци преминуваа секојдневно на австриско-словенечката граница.

Би можело да ве интересира

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

Мигрант загина од струен удар на покрив на воз кај Градско

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

Мигрант тешко повреден од струен удар

Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Неверојатна глетка: Жената се сокри под хаубата, се „залепила“ за моторот

Горан Наумовски