Лагард скептична за грчкиот план за реформи

Од:

Планот на Грција за реформи е доволен за доделување на помош на земјата, но недостигаат суштествени детали, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Лагард во писмото до претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум истакна дека грчкиот список е опширен, но не е доволно конкретен.

– Во некои сфери, како борбата со даноќните измами и корупцијата, сум охрабрена од тоа, бидејќи изгледа како силна решителност на новите власти во Атина. Во неколку области, вклуќително можеби во најважните, писмото не дава јасни објаснувања, дека Владата планира да ги спроведе очекуваните реформи. Меѓу другите сфери, кои предизвикуваат вознемиреност се политиката за пензиите и данокот на додадена вредност, како ни реформите на пазарот на трудот, истакнува Лагард.

Министрите за финанции од еврозоната и одобрија на Грција помош во замена за планот за реформи, предложен од Атина.

Би можело да ве интересира

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала максимумот

Лагард: Послабата куповна моќ на граѓаните може да ја забави инфлацијата во еврозоната

А1он

Лагард: Геополитичките тензии влијаат на перспективите на еврозоната

А1он

Лагард: Биткоинот треба да се регулира на глобално ниво

Жарко Настоски

Лагард нема да ја обжали пресудата против неа во Франција и ќе се фокусира на работата во ММФ

Ана Ололовска

В понеделник ќе се знае дали Кристин Лагард е виновна во „аферата Тапи“

Ана Ололовска