Лагард: Биткоинот треба да се регулира на глобално ниво

Од:

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, велејќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата.

Биткоинот сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои земаат заеми за да ги зголемат набавките на крипто-валутата, чија вредност е скоро тројно поголема од минатиот март.

– Биткоинот е високо шпекулативно средство кое се користи за некои чудни деловни активности и некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на прес-конференција.

Таа не посочи конкретни случаи во кои се користела дигиталната валута за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против овие незаконски активности.

Со својот апел, шефицата на ЕЦБ се приклучи на голем број регулатори од целиот свет во повиците за примена на глобалните правила и на крипто-валутите.

– Мора да постои регулатива. Таа мора да се применува и да се договора на глобално ниво, а доколку некој го избегне тоа, тоа бегство ќе биде злоупотребено, рече Лагард.

Би можело да ве интересира

Европската централна банка испрати предупредување

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала максимумот

Европската банка ја зголеми основната каматна стапка

Европската централна банка ги покачи каматните стапки првпат по 11 години

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска