Лагард нема да ја обжали пресудата против неа во Франција и ќе се фокусира на работата во ММФ

Од:

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека нема да поднесе жалба на пресудата против неа во нејзината татковина.

Вчера, францускиот суд ја прогласи Лагард за виновна по обвиненијата за небрежност при државно плаќање, што го одобрила како министер за финансии. Одлуката беше донесена во врска со аферата „Тапи-Креди Лион”. Судот сепак не наложи никаква казна на Лагард.

Таа призна дека не е задоволна од одлуката, но истакна дека е дојдено време да се „сврти страницата” и да се фокусира на својата работа во ММФ.

Фондот веќе ја потврди својата доверба во својота директорка Кристин Лагард, иако таа беше прогласена за виновна.

Преку соопштение Управниот одбор на ММФ ја потврди „својата целосна доверба“ во способноста на актуелниот директор да продолжи да ги извршува своите функции.

Избрана на чело на меѓународната финансиска институција во 2011 година, Лагард беше реизбрана во јули за втор петгодишен мандат.

Во соопштение од САД, најголемиот акционер во ММФ, исто така се потврдува целосна доверба во менаџерските способности на директорката на Фондот во овој „критичен момент за светската економија”.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика