Лабуристите сакаат уривање на Владата, се противат на Брегзит без договор

Од:

Британската опозициска Лабуристичка партија ги повика бунтовниците пратеници од владејачката Конзервативна партија да помогнат да се спречи Велика Британија да ја напушти Европската унија без договор со соборување на владата на премиерот Борис Џонсон и формирање нова, преодна предводена од нејзиниот лидер Џeреми Корбин.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе замине од ЕУ со или без договор на 31 октомври, за што многу конзервативци исто така се против.

Во писмото до лидерите на опозициската партија и високи конзервативни функционери, Корбин изрази спротивставување на брегзит без договор, посочувајќи дека временски ограничена влада ќе го одложи брегзит и ќе одржи избори.

Тој изјави дека лабуристите во предизборната кампања ќе се залагаат за нов референдум, вклучувајќи ја и можноста да се остане во ЕУ.

„Оваа влада нема мандат за брегзит без договор и таков термин дури и не даде референдумот во 2016 година“, потенцира Корбин, објавувајќи дека ќе се залага за гласање недоверба на владата во првата прилика кога ќе биде можно.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он