Кувајтската полиција растера стотици демонстранти

Од:

Кувајтската полиција употреби палки за да ги растера стотиците демонстранти, кои бараа ослободување од затвор на опозициски лидер.

Меѓу демонстрантите во центарот на Кувајт имало жени и четворица поранешни пратеници. Најмалку 12 лица се уапсени.

Демонстрантите се приврзаници на поранешниот опозициски пратеник Мусалам ал Барак, кој беше осуден минатиот месец на две години затвор за навреда на кувајтската монархија, која ја изнел за време на митинг во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он

Втори парламентарни избори во Кувајт за две години