Кувајт им нуди државјанство на Коморските Острови на 100.000 луѓе без регулиран статус

Од:

Властите во Кувајт соопштија дека десетици илјади лица кои без државјанство живеат во оваа земја во Персискиот Залив, ќе можат да го регулираат својот статус доколку претходно прифатат да станат државјани на Коморските Острови.

Оваа муслиманска земја, поранешена француска колонија, која се наоѓа на десетина острови во Индискиот Океан, источно од брегот на Африка, е членка на Арапската лига.

Според кувајтскиот министер за внатрешни работи, генерал-мајорот Мазен ал Јарах, оние кои ќе ја прифатат оваа понуда на властите, ќе имаат право да останат да живеат и да работат во Кувајт. Во интервју за локалниот весник „Ал Џарида“ тој вели дека лицата кои ќе станат коморски државјани, не само што ќе имаат дозвола за постојан престој во Кувајт, туку ќе имаат право и на бесплатно образование и здравство.

Околу 100.000 лица во Кувајт се без државјанство и тие во оваа земја се познати како Бидуни. Иако живеат долго време во земјата, тие се третираат како лица без регулиран статус и како „илегалци“.

Станува збор за луѓе кои потекнуваат од разни странски земји кои имигрирале во Кувајт и се настаниле во земјата, по откривањети на нафтата, пред повеќе од 50 години и во време на започнувањето на нејзината експлоатација или пак се нивни директни потомци.

Кувајтските власти тврдат дека само 34.000 Бидуни, може да претендираат и да добијат статус на кувајтски државјани, па во изминатите години, многу често овие луѓе излегуваа на демонстрации. Протестите за регулирање на нивниот статус, редовно беа остро разбивани со интервенција на полицијата и со апсење на организаторите, но ништо не се правеше да се најде решение за некогашните економски имигранти.

Министерот Ал Јарах тврди дека постапката за добивање на коморско државјанство за Кувајтците без регулиран статус, ќе почне „мошне брзо“ откако Коморските Острови ќе отворат своја амбасада во Кувајт.

Домашната опозиција го осуди ваквото решение, тврдејќи дека ќе биде користено за депортирање на овие луѓе.

Засега нема никаква реакција од властите на Коморските Острови.

Би можело да ве интересира

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он

Втори парламентарни избори во Кувајт за две години