Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

Од:

Во Кувајт денеска е извршена смртна казна над седум лица поради убиство. Станува збор за први егзекуции од 2017 година. Обвинителите соопштија дека егзекуциите биле извршени со бесење откако смртните казни биле одобрени од кувајтскиот емир Шеик Наваф.

Обесени се едно женско лице од Етиопија, друго од Кувајт, заедно со тројца машки кувајтски државјани, Сириец и Пакистанец.

Кувајтското Министерство за надворешни работи соопшти дека смртните казни се во согласност со кувајтскиот Кривичен законик 16 од 1960 година и неговите амандмани „по исцрпување на сите нивоа на судски спорови“.

– Овие казни, кои беа спроведени, беа засновани на убедливи докази дека осудените ги извршиле злосторствата што им се припишуваат, рече Ганим Ал Ганим, помошник министер за надворешни работи на Кувајт за правни прашања.

Во синоќешното соопштение, Амнести интернешнл повика да се запрат егзекуциите, нарекувајќи ги „крајно сурова, нечовечка и понижувачка казна“.

Овие егзекуции се први од 25 јануари 2017 година, кога исто така беа обесени седум луѓе, а меѓу нив и член на кралското семејство.

Кувајт егзекутираше десетици луѓе откако започна со спроведување смртна казна во средината на 1960-те години. Најголем дел од осудените биле убијци или трговци со дрога. Првата смртна казна беше спроведена на 17 мај 1964, а до денес се егзекутирани 84 лица, меѓу кои, 20 од Кувајт и 15 од Пакистан.

Смртната казна е широко распространета на Персискиот Залив, особено во Иран и Саудиска Арабија, каде 81 лице беа егзекутирани во еден ден во март, предизвикувајќи меѓународна осуда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Кувајт, има голем број загинати и повредени

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Втори парламентарни избори во Кувајт за две години