Кушнер: Во „договорот на векот“ можат да бидат внесени и предлозите на Палестинците

Од:

Новиот мировен план на САД за Блискиот Исток, наречен „договор на векот“, може да биде реализиран доколку се земе предвид и позицијата на Палестинците, изјави советникот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, за телевизијата Си-Ен-Ен.

– Условите не се конечни. Тоа е почетен предлог. Доколку Палестинците сакаат да поднесат измени, да изменат некои формулации, да одржат преговори за други прашања, тогаш е можен еластичен пристап, изјави Кушнер.

Тој додаде дека сите детали можат да бидат изработени во рамките на два или три месеца.

-Под итно ќе го почнеме овој процес, рече Кушнер. „Доколку Палестинците сакаат да учествувааат, ние тоа ќе го поздравиме“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци