Курдски борци зазедоа област која беше на ИД

Од:

Курдските борци вчера оствариле важна победа против екстремистичката група Исламска држава, со освојување на нејзината клучна позиција во североисточната сириска провинција Хасакех.

На Курдските сили во освојување на местотоТал Хамис, кое под власт на ИСИС беше повеќе од една година, им помогнале арапски борци, а припадниците на Исламска држава не пружиле поголем отпор.

Како што пренесе „Франс прес“, Курдите по освојување на местото ја запалиле куќата на припадник на ИСИС и имаат контрола над појасот кој ги поврзува Тал Хамис со ирачката граница, со што го определуваат движењето на џихадистите.

Пред освојување на Тал Хамис, курдските борци во повеќедневни борби освоија 103 села во околината, при што се убиени најмалку 175 борци на ИСИС.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска