Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет дека заедно со двајца негови партнери дале лажно сведочење за случајот Ибица, за кој му се заканува тригодишна затворска казна.
„Казната за наводниот прекршок е до три години затвор“, соопштија од Државното обвинителство за економски прашања и корупција и најавија дека Курц ќе биде дел од обвинението во таканаречениот процес CASAG (Кратенка на Casinos Austria AG) .
Претходно Курц се огласи на социјалната мрежа Икс и изјави дека не е чудно што обвинителството одлучило да поднесе кривична пријава „и покрај 30-те ослободителни сведоштва“.
„Обвинувањата се погрешни. Со нетрпение го очекуваме денот кога вистината конечно ќе излезе на виделина и на суд ќе се докаже дека обвинувањата се неосновани“, рече тој во објавата.