Себастијан Курц си најде нова работа: Ќе заработува половина милион евра годишно

Од:

Поранешниот австриски канцелар, некогаш најмладиот премиер на светот, Себастијан Курц, потпиша нов договор за вработување во САД.

Како што пишува весникот „Естерајх“, Курц од следната година најмногу време ќе поминува во САД, бидејќи се вработил во приватниот сектор, во областа на инвестициите.

Курц најави дека следната година ќе објави детали за новото работно место и за која компанија станува збор.

„Естерајх“ тврди дека веќе е јасно дека Курц на новата работна позиција ќе заработува повеќе отколку за време на неговиот мандат како канцелар.

Како канцелар имал годишна плата од 312.000 евра, а на новото работно место ќе заработува околу половина милион евра годишно.

Курц планира да живее во САД и Австрија со својата партнерка Сузана Тир и неговиот син Константин.

Што се однесува до политиката, Курц очигледно целосно го затворил тоа поглавје од својот живот, а како што пишуваат медиумите, никој од неговото опкружување во моментов не верува во можно враќање на политичката сцена.

Дури и неговата најблиска соработничка, министерката Елизабет Кестингер, неодамна изјави дека не смета на враќањето на Курц.

Иако Курц целосно и го сврте грбот на политиката, сепак одржува добар контакт со сопартијците кои го придружуваа на патот кон политичкиот врв, а многу е заинтересиран за актуелните политички настани.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче