Кулеба бара Кина да влијае на Русија за запирање на војната

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји разговараше со својот украински колега Дмитро Кулеба во вторникот и повика на решавање на кризата преку преговори, соопштија кинеските државни медиуми, додека Пекинг чекори по тешка дипломатска линија за инвазијата на нејзиниот близок сојузник Москва.

Украинскиот МНР Кулеба побарал од кинескиот колега Ји да ги „искорсити врските на Пекинг со Москва за запирање на воената интервенција на Русија во Украина“.

Министерот за надворешни работи на Кина Ји му рече на Кулеба дека Пекинг „длабоко жали што избувна конфликтот меѓу Украина и Русија и посветува екстремно внимание на штетата што ја претрпуваат цивилите“, објави државната телевизија CCTV.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини