ОН: Кризата со Рохинџите во Мјанмар има обележја на геноцид

Од:

Специјалната претставничка на ОН за човекови права во Мјанмар, Јанхај Ли, оцени дека насилните операции на армијата на Мјанмар кон муслиманите Рохинџи имаат обележја на геноцид.

Претставничката во Сеул, каде што се наоѓа нејзината канцеларија, рече дека не може да ја донесе конечната одлука дека станува збор за геноцид додека тоа не го докаже надлежен меѓународен суд, но додаде дека акциите на војската имаат многу такви карактеристики.

Одговарајќи на прашање за извештајот во кој се опишува маскар и пет масовни гробници во едно село во Мјанмар, претставничката на ОН рече дека нема конкретни детали, но додаде дека тоа е „модел“ кој се користи при прогонот на муслиманското малцинство.

Повеќе од 690.000 Рохинџи пребегнаа од Мјанмар во соседен Бангладеш од август 2017-та година, стравувајќи од кампањата за етничко чистење, осудена од меѓународната заедница и од ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он