Критично на преговорите во Брисел

Од:

Критична е ситуацијата во преговорите на средбата на врвот на ЕУ по барањата на Британија за реформа на Унијата и за избегнување т.н. Брекзит, јави Тасс.

Попладневната седница беше презакажана за вечерва. На европските лидери им е препорачано да резервираат хотели и за оваа ноќ. Тоа наведува дека разговорите може да продолжат до сабота ако до вечерва лидерите не постигнат договор, наведуваат извори од Брисел цитирани од Тасс.

По 24 часа интензивни преговори за Велика Британија се уште нема напредок. Западни медиуми јавуваат дека европските лидери се очекува да постигнат договор вечерва.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе потпише договор само ако Британија го добие она за што има потреба.

Истовремено, Грција упати закани дека ќе блокира каков било договор со Камерон доколку европските партнери затворат свои граници пред датумот на следната средба на врвот ЕУ-Турција, планирана за март.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија