Крепо: Нема никаква солидарност во Европа за миграцијата

Од:

Поранешниот специјален известувач на Обединетите Нации за човековите права на мигрантите, Франсоа Крепо, остро го критикувашр недостатокот на солидарност и соработка помеѓу земјите членки на ЕУ во однос на миграциската политика.

– Ниту еден европски политичар не успева да започне миграциска политика, нема никаква солидарност, никаква соработка. Европа не успева да создаде политика за бегалците, изјави Крепо.

Според него, Европејците прво треба да признаат дека се континент на имиграција, дека секогаш биле и дека миграцијата е дел од ДНК-та на човештвото.

– Теоријата за национален суверенитет стара 400 години нема тоа да го промени, изјави Крепо, кој е професор по меѓународно право на канадскиот универзитет „Мекгил“.

Тој предупреди дека спречувањето на миграциите создава „мафијашки пазари“ и дека е подобро да се регулира миграцијата отколку да им се дозволи на мафијашките структури да владеат.

– Ќе треба да поминеме низ една декада на национал-популистички политики за да видиме до кој степен се застарени и колку го делат населението. Кога ќе го преживееме тоа, ќе видиме дека не функционира. Проблемот со миграцијата е што мигрантите не гласаат и не учествуваат во јавната дебата. Се додека е така, нашите министри за внатрешни работи ќе можат да зборуваат без никој да им противречи за проблемите што ги носат мигрантите, без никогаш да ги споменат предностите што ги носи миграцијата, во смисла на создавање работни места, претприемаштво, демографија, изјави Крепо.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски