Кремљ: Се уште не сме добиле одговор од Саудиска Арабија

Од:

Се уште нема реакција од Саудиска Арабија на понудата на претседателот на Русија, Владимир Путин Ријад да купи руски ракетен систем С-400, соопшти денеска Кремљ.

Путин вчера и понуди на Саудиска Арабија руско оружје.

– Подготвени сме да обезбедиме значителна помош за Саудиска Арабија и земјата би донела мудра државничка одлука како што своевремено направи Иран со купувањето на С-300 и како што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган направи кога го купи последниот С-400 противвоздушен одбранбен систем од Русија. Таквото оружје би ја заштитила секоја инфраструктурна постројка во Саудиска Арабија, изјави Путин во Анкара, каде присуствува на трилатералната средба (Турција – Иран – Русија) за Сирија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва се уште не примила официјално барање од ниту една страна да биде медијатор помеѓу Саудиска Арабија и Иран по нападите врз саудиските нафтени постројки.

Тој додаде дека Москва не добила нови информации за нападот кои би помогнале во донесувањето на конечни заклучоци за инцидентот.

– Не фаворизираме никакви прерани заклучоци и обвиненија за тоа кој е одговорен за овој напад, посочи Песков.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски