Кремљ: Путин сака да разговара со Си Џинпинг пред крајот на годината

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин сака да разговара со неговиот кинески колега Си Џинпинг пред крајот на годината, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Всушност, контактот во моментов се подготвува, рече Песков и не кажа детали за форматот на разговорот – телефонски или средба.

Односите меѓу двете земји се сметаат за добри и покрај војната на Русија против Украина, посочува ДПА.

Кремљ соопшти дека не бара контакти со Западот. Песков негираше дека во наредните денови е планиран телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Портпаролот на Путин додаде дека ниту оваа година нема да биде испратена новогодишна честитка до американскиот претседател Џо Бајден.

Си Џинпинг и Путин последен пат се сретнаа во септември на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан. Кинескиот лидер, исто така, му посака добредојде на претходникот на Путин, Дмитриј Медведев во Пекинг минатата недела.

Кина официјално најави дипломатско решение за војната во Украина, но не го осуди и не се приклучи на западните санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Постојат причини за внимателен оптимизам

Зеленски: Путин е манипулатор

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Путин му одговори на Трамп: Ако го положат оружјето и се предадат, ќе им се гарантира живот и достоинствен третман

Горан Наумовски

Трамп: Разговарав со Путин, го молев да ги поштеди животите на Украинците во Курск