Кремљ: Не сакаме да го коментираме обвинението против Трамп

Од:

Кремљ одби да го коментира обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, обвинет за тајни плаќања на порно ѕвезда непосредно пред претседателските избори во 2016 година. „Не веруваме дека имаме право да се мешаме во внатрешните работи на САД, а исто така веруваме дека САД немаат право да се мешаат во нашите работи. Затоа, не сакаме да коментираме за обвинение“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

На историското рочиште, одржано во вторникот, на кое беше прочитано обвинението против Доналд Трамп, што го отвори патот за судење во 2024 година, поранешниот американски претседател пред судот рече дека не се чувствува виновен за фалсификување на сметководствени податоци. Трамп е обвинет за фалсификување деловни досиеја за да ги прикрие нелегалните плаќања на жени кои тврделе дека имал вонбрачни афери.

Обвинителите, исто така, тврдат дека Трамп стои зад незаконската шема чија цел е да се потисне ширењето на негативни информации пред изборите во ноември 2016 година, вклучително и незаконско плаќање од 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, со која тој наводно имал вонбрачна врска во 2006 година.

Обвинет покрај овој случај дека за време на неговиот мандат сакал да се зближи со рускиот претседател Владимир Путин за поефикасно да и се спротивстави на Кина, Доналд Трамп постојано повторува дека руската офанзива во Украина никогаш немаше да се случи доколку тој се уште беше на власт.

Американските разузнавачи претходно ја обвинија Русија за мешање во американските избори во 2016 година, кои вклучуваа користење на социјалните мрежи за поддршка на Доналд Трамп. И Трамп и Москва ги отфрлаат ваквите обвинувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски