Кремљ ги критикуваше „провокативните“ тврдења на Ерменија

Од:

Кремљ ги отфрли ерменските тврдења дека биле принудени да се приклучат на Сојузот Русија-Белорусија, нарекувајќи ги провокативни, јавува Анадолија.

– Таквите изјави може да се сметаат за провокативни. Тие не одговараат на реалноста. Никој од руските официјални лица не го кажал тоа и не го пренел до ерменската страна преку никого, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за ерменската новинска агенција News.am.

Армен Григорјан, секретарот на Советот за безбедност на Ерменија, претходно изјави дека Ереван бил „принуден“ да се приклучи на Сојузот Русија-Белорусија – наднационална структура составена од Русија и Белорусија, создадена со цел економска интеграција, и дека Москва вршела притисок врз Ерменија во спорот за коридорот Лачин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски