Крамер: Наскоро ќе биде подготвена вакцината против Ковид-19, рестрикции ќе има до крајот на мај

Од:

Вакцината против коронавирусот ќе биде достапна многу скоро, а  рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, за Дојче Веле тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк.

Одговарајќи на прашањето колку е реално наскоро да ја имаме потребната вакцина, Крамер кажа дека е „ многу реално“, бидејќи вакцината не е во фаза на истражување, туку дека веќе се прават клинички испитувања.

-Клиничките испитувања се долготрајни и имаат неколку фази, бидејќи вакцината мора да биде безбедна пред да се вакцинираат голем број луѓе. Со оглед на тоа дека околу 40 компании се занимаваат со пронаоѓање на вакцината, не мислам дека нејизното пронаоѓање ќе биде некаков проблем, објасни Крамер, додавајќи дека е тоа процес што трае околу 15 години, а сега е неопходно  да се заврши за неколку месеци, што, како што вели, е предизвик и бара трпение.

Крамер напомена дека е ова редок случај во историјата да постои доволно пари за развој на вакцината за разлика од САРС и МЕРС за кои работата на пронаоѓањето на вакцината се прекина кога ширењето на заразата се стави под контрола.

На прашањето колку овој вирус се разликува од сезонскиот грип, Крамер кажа дека од молекуларна гледна точка тоа се два целосно различни вируси.

-Кога беше објавен генетскиот материјал на вирусот, сите во научната заедница знаеја за што станува збор. Најдрастичната разлика е во тоа што човековата популација апсолутно нема имунитет на него, а нема ниту лекови, ниту вакцина, и затоа тој се шири многу лесно. Ситуацијата со самото тоа е многу поопасна,  објаснува научникот чија работа е фокусирана на пронаоѓањето на универзална вакцина за сезонскиот грип.

Негово мислење е дека ваквата ситуација ќе потрае барем до средината или крајот на мај и тогаш, како што вели, можеби ќе биде можно општествените активности до одреден степен да се вратат во нормала.

Но, вели дека е можно да се случи некаде повторно да избие епидемија и тогаш повторно ќе мораме да се вратиме на ваквиот режим на живот.

-Мораме да очекуваме дека брановите на пандемијата повторно да се појавуваат во текот на летото, есента и зимата, па затоа мораме да се навикнеме на ваквата ситуација до крајот на 2020 годфина, мисли Крамер.

Тоа што со сигурност може да реши, како што објаснува,  е луѓето едно време да стануваат имуни и да не можат така лесно повторно да се инфицирата со овој вирус.

-Дури и да се случи повторно да се заразат, тоа ќе биде во далеку поблага форма на болеста, смета Крамер.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска