Кралот на Јордан Абдула Втори ја повика ЕУ да се бори против негативните акценти кон исламот, кои според него го потхрануваат екстремизмот на муслиманите, вклучително и на оние кои е радикализираат и ја напуштаат Европа за да се борат на Блискиот Исток.
Во обраќање пред ЕП во Стразбур, Абдула Втори ја поздрави Европа за нејзината смелост при реакцијата на напади како оние во Париз во јануари. Тој ја спореди терористичката група „Исламска држава“ со нацизмот, нарекувајќи ја „експанзионистичка идеологија заснована на омразата“.
Во повикот за соработка во борбата против исламистичкото насилство, кралот на Јордан, кој присуствува на церемонијата за убиените карикатуристи на весникот „Шарли ебдо“, го критикуваше објавувањето на карикатурите на исламскиот пророк Мухамед во неделникот.