Кралот Чарлс Трети слета во Лондон

Од:

Авионот на кралот Чарлс Трети слета денеска во Лондон, јавија британските медиуми.

Новиот британски монарх е повикан да ги исполнува своите кралски должности по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст во нејзината резиденција Балморал во Шкотска.

Авионот на кралот Чарлс слета во воздухопловна база надвор од Лондон.

Кралот и неговата сопруга Камила се упатија кон Бакингемската палата.

Во Лондон, кралот Чарлс Трети треба да се сретне за првпат со новата британска премиерка Лиз Трас, која во вторникот беше назначена на функцијата од кралицата Елизабета. Тоа беше нејзиниот последен службен чин.

Подоцна во текот на денот се очекува новиот британски крал да има телевизиско обраќање, во кое ќе испрати порака не само до Британија, туку и ќе се претстави пред светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска

Бајден разговараше со кралот Чарлс Трети

Ана Ололовска

Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна

Ана Ололовска