Кралот Чарлс Трети имаше средба со британската премиерка Трас

Од:

Кралот Чарлс Трети попладнево ја одржа првата аудиенција на премиерката Лиз Трас, соопшти Бакингемската палата.

Трас, која беше назначена од покојната кралица во вторникот, помина приближно половина час со кралот Чарлс Трети, јави Би-би-си.

Кралот Чарлс Трети пред Бакингемската палата беше дочекан многу топло, по што тој отиде и се поздрави со дел од насобраниот народ.

Неговото прво обраќање кон Британците како крал, се очекува да биде телевизиски емитувано во 18 часот по локално време, 19 по македонско, откако претходно ќе се сними во Бакингемската палата.

Ожалостени почнуваат да заземаат места во катедралата Свети Павле во Лондон, каде во 18 часот по локално време, ќе има молитва и сеќавање на кралицата Елизабета Втора.

Според Би-би-си, таму се очекува да бидат и Лиз Трас и високи министри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешна британска премиерка додека била на функција потрошила илјадници фунти на кетеринг

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска

Бајден разговараше со кралот Чарлс Трети

Ана Ололовска