Коронавирусот се шири меѓу повредените од експлозијата во Бејрут

Од:

Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска изјави дека земјата може да ја загуби контролата врз епидемијата на коронавирусот, по зголемувањето на бројот на новозаразени по експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август, во која загинаа околу 180 луѓе и близу 6.000 беа повредени.

Либан во последните 24 часа пријави 525 нови случаи на Ковид-19 и 12 смртни случаи.

Локалните лекари информираат дека бројот на случаи на коронавирусот се удвоил две недели по експлозијата, бидејќи заразата се шири во болниците каде што се лекуваат повредените во експлозијата.

Владата минатиот петок воведе делумен карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он