„Кориере дела сера“: ИД отвора сопствена социјална мрежа „Килафахбук“

Од:

Групата „Исламска држава“ е во процес на создавање на сопствена социјлна мрежа, која се нарекува „Килафахбук“, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Целта е на мрежата да се регистрираат следбеници на групата, кои досега имале профили на други социјални мрежи како „Твитер“, „Фејсбук“ или канали на „ЈуТјуб“. Според податоци на аналитичката компанија „Џеј Ем Бургер“ ИД поседува 45.000 профили само на „Твитер“.

Името на новата социјална мрежа на ИД потсетува на „Фејсбук“, каде првиот дел доаѓа од арапскиот збор „килафах“, што значи „халифат“.

На почетната страница на мрежата има пропагандна порака, во која нејзините основачи објаснуваат дека им се допаѓа да умрат како маченици, исто тако што на други луѓе им се допаѓа да живеат.

Доменот на социјалната мрежа е регистриран во Египет на име на Абу Мусаб, кој тврди дека е жител на ирачката провинција Мосул, која е упориште на ИД.

Обидот на италијанските новинари да отворат профил на мрежата бил неуспешен, што може да значи дека мрежата се уште не е активна или била цел на хакерски напад.

ИД веќе има радио, телевизија и списанија на англиски и на француски јазик, наведува весникот „Кориере дела сера“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска