Кореа: Помагањето на Сноуден и давањето патен лист беше наша грешка

Од:

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа изјави дека „помагањето на Американецот Едвард Сноуден да отпатува од Хонг Конг во Москва беше грешка.

На средба со новинарите во претседателската палата во Кито, Кореа призна дека на Сноуден му бил издаден така наречен патен лист откако американските власти му го поништија пасошот, „без авторизација, без валидност на документот и без знаење на Кито“.

Во широката елаборација за целиот случај со Сноуден и за однесувањето на еквадорските власти, претседателот Кореа, на изненадување на сите, откри низа досега непознати детали.

Работата на случајот Сноуден ја презел сам и на своја рака еквадорскиот конзул во дипломатската мисија во Лондон, Фидел Навраез заедно со Џулијан Асанж, основачот на Викиликс.

– Конзулот и Асанж, кој повеќе од една година живее во Амбасадата на Еквадор,се пријатели, па кога овој мусе јавил на конзулот во четири часот наутро, уверувајќи го дека ако не помогне, Сноуден ќе биде уапсен, Навраез прифатил да помогне, издавајки патен лист за Сноуден, објасни еквадорскиот претседател.

Тој рече дека за своето самоволно однесување конзулот во Лондон ќе биде санкциониран, но не даде детали што тоа ќе значи.

Повеќе угледни еквадорски дипломати протестирале кај шефот на дипломатијата, обвинувајќи го Асанж дека Австралијанецот си презема овластувања во Амбасадата, што не му припаѓаат, како и дека почнал да ја узурпира добрината на Еквадор, но Кореа инсистираше дека Асанж останува во Амбасадата во Лондон.

Според еквадорскиот претседател, властите во Кито во моментот не разгледуваат некакво барање за азил на Сноуден, уверувајќи дека немале намера да го помагаат неговото заминување од Хонг Конг.

– Ако сака да дојде во Еквадор ќе мора да биде во некоја еквадорска дипломатска мисија, а тој се уште е на московскиот аеродром, што значи дека престојува на руска територија, наведе Кореа.

Тој смета дека единствената земја која може сега да му помогне на Американецот е Русија, затоа што само таа може да му издаде документи за да отпатува од Москва, па само таму може и да се разреши неговиот случај.

На прашањето на новинарите дали Кореа би сакал да се сретне со Сноуден, еквадорскиот претседател рече дека нема никаква посебна ситуација за една таква средба.

– Тој е компликувана личност и прецизно речено, Сноуден шпионирал извесно време, истакна во Кито еквадорскиот претседател.

Рафаел Кореа е левичарски политичар и остар американски критичар,но неговата реторика се ублажи по телефонскиот разговор, што околу случајот Сноуден го имаше со американскиот потпретседател Џо Бајден.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД