Коптите го слават првиот Божик

Од:

Египетските Копти го прославуваат првиот Божик по изборот на исламист за претседател на Египет и од именувањето на новиот коптски поглавар, како и по усвојувањето на новиот Устав кој многумина го сметаат за исламистички.

Православните Копти синоќа на Бадник, се собраа во главната катедрала во Каиро, на полноќна литургија коа што ја одржа поглаварот Тавадрос втори.

Додека во Египет се води борба околу улогата на религијата во друштвото, голем број Копти се на страната на умерените муслимани и секуларни Египќани, кои што како и тие се плашат од зајакнувањето на власта на исламистите.

Амир Рамзи, коптски христијанин и судија во Апелациониот суд во Каиро, изјави дека Божиќ е шанса за молитва за „подобар Египет“.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски