Конзервативците и лабуристите во „тајни преговори“ за „мек“ Брегзит

Од:

Истакнати министри во британската Влада се вклучени во тајни разговори со пратеници на опозициската Лабуристичка партија за обезбедување меѓупартиска подршка за „мек“ Брегзит, открива проториевскиот весник „Дејли Телеграф“.

Весникот тврди дека некои од најистакнатите членови на тимот на британската премиерка Тереза Меј расправале за тоа како „да ја присилат“ да направи отстапки кога станува збор за имиграцијата, царинската унија и единствениот пазар на Унијата.

Според „Дејли Телеграф“, имало дискусии и за создавањето на посебна меѓупартиска Комисија за Брегзит со претставници на двете главни партии во Велика Британија, која би имала задача да подготви терен за да се обезеди уредено и мирно повлекување на земјата од членството во ЕУ.

Се очекува лабуристите да ги искористат ваквите разговори за да издејствуваат завршување на седумгодишните остри мерки на штедење и буџетски кратења, како и за одмрзнување на платите на вработените во јавниот сектор, што опозицијата го заговараше и во текот на изборната кампања.

Весникот тврди дека лабуристите ќе бараат и други отстапки од конзервативците при правњето на текстот за говорот на кралицата, со кој треба и формално да почне со работа новиот Парламент.

Нема сознанија за тоа дали Меј, сепак, знае за „тајните меѓупартиски средби“ или тоа се одввива зад нејзниот грб, како што се одвивале и подготовките за изведување партиски пуч за нејзина смена од лидерксата функција во Конзервативната партија.

Весникот тврди дека таа знаела за тоа, но дека не реагирала со ништо за да биде спречен „пучот“ за кој јавноста дозна од текстовите во проконзервативните весници, меѓу кои и „Дејли Телеграф“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он