Туку што поставен службеник во Стартешки информационен и полициски Совет од Индонезија го објавил решението за прием во новоформираната контраразузнавачка служба на Фејсбук и сега ќе одговара за оддавање на државна тајна.
Невнимателниот службеник на контраразузнавањето, по име Банју Биру стапил на работа на 1 јануари годинава, а наместо до 31 декември, неговата служба заврши со суспензија, само еден месец од назначувањето.
Во медиумите во Џакарта денеска се објавени „ веродостојни изјави од анонимни извори“ во кои се истакнува дека гестот на Биру покажува дека тој не бил доволно зрел за да работи во контраразузнавањето. Тие што го примиле не требало да му дозволат ни да влезе како странка во новиот разузнавачки Совет кој треба да ги разоткрива радикалните групи и поединци што се обидуваат да ги популаризираат и применат идеите на Исламската Држава во Индонезија, каде од 256 милиони жители две третини се муслимани, изјавуваат овие извори.
Барајќи повеќе пикантни детали околу скандалот, медиумите откриле дека „несериозниот’’ контраразурнувач е син на еден од најпознатите композитори и диригенти во Индонезија, Ерос Ѓарот.