Конгресмен ги тужи Трамп и Џулијани за нередите во Капитол

Од:

Бени Томпсон, конгресмен демократ од Мисисипи, денеска поднесе тужба против поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот адвокат Руди Џулијани, обвинувајќи ги за насилството и нередите во Капитолот на 6 јануари.

Томпсон го предводи Одборот за внатрешна безбедност при Претставничкиот дом. Тужбата е поднесена во федералниот окружен суд во Вашингтон.

-Нередите се резултат на внимателно испланиран план од страна на Трамп, Џулијани и екстремистичките групи како „Заштитници на заклетвата“ (Oath Keepers) и „Горди момчиња“ (Proud Boys), кои се раководеа од една цел – стопирање на сертификацијата на резултатите од гласањето на Изборниот колеџ со заплашување, притисок и закани, се вели во изјавата на правниците.

Тужбата на Томпсон е првата од повеќе очекувани приватни судски тужби од останати конгресмени поради насилниот упад во Конгресот на САД на стотина демонстранти, поддржувачи на тогашниот претседател Трамп, што се случи годинава на 6 јануари.

Во тужбата, не се наведени конкретни казнени мерки и не е наведена конкретна сума за исплата на отштета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд