Конго прогласи крај на епидемијата на ебола на истокот од земјата

Од:

Демократската Република Конго денеска прогласи крај на епидемијата на ебола, која за помалку од две години однесе 2.280 животи во источниот дел на земјата.

Конго и натаму се соочува со големи здравствени предизвици, меѓу кои најголемата светска епидемија на мали сипаници, сè поголемата закана од коронавирусот и новата епидемија на ебола во северниот дел на земјата.

Светската здравствена организација (СЗО) планираше да прогласи крај на епидемијата на ебола во источен Конго во април, но три дена пред очекуваната објава, се појавија три нови жаришта на заразата. Поради тоа, прогласувањето на крајот на епидемијата се случи по 42 дена.

Епидемијата, која започна во август 2018 година, претставуваше предизвик без преседан за Светската здравствена организација, Министерството за здравство на Конго и меѓународните хуманитарни групи, бидејќи тоа беше прва епидемија на ебола во зона на конфликт.

Присуството на вооружени групи претставуваше толкав ризик што вакцинациите можеа да ги извршуваат само мали екипи кои пристигнуваа со хеликоптер.

Но, најголемиот дел од ризикот за здравствените работници го претставуваше локалното население, претежно гневно од присуството на странците и количината потрошени пари за заштита од еболата, додека значително повеќе луѓе умираа од подолгорочни болести, како што е маларијата.

Неколку години претходно, повеќе од 11.000 луѓе починаа од ебола во Западна Африка, бидејќи во тоа време немаше лиценцирани вакцини или третмани за лекување на инфекцијата.

До избувнувањето на еболата во источно Конго, направени се две експериментални вакцини против болеста. 

Би можело да ве интересира

Екстремисти упаднаа во затвор во Конго и ослободија 900 осудени

А1он

Најмалку 50 млади лица загинале во хаварија во рудник за злато во Конго

Во Конго во моментов има епидемија на Ковид-19, чума и ебола

Жарко Настоски

Скопјанец собрал публика на турнир во мал фудбал, доби казна од 2.000 евра

Жарко Настоски

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

СЗО: Еболата се шири во западно Конго

Ана Ололовска