Конфискувани 1,3 милијарди евра имот од Сицилијанец

Од:

Италијанската полиција заплени рекордна сума од 1,3 милијарди евра во готовина и имот од само еден човек.

Станува збор за сицилијански претприемач во областа на алтернативните извори на енергија, за кого се претпоставува дека е тесно поврзан со мафијата.

Вито Никастри (57) е обвинет дека пријавил само дел од својот бизнис со цел да избегне плаќање данок. Италијанските медиуми го нарекоа „крал на алтернативната енергија“ поради поседувањето големи удели во компании за добивање еолска и соларна енергија.

Полицијата соопшти дека се запленети 43 компании, 98 недвижни имоти, вклучително згради, станови, магацини и земјиште, 66 банкарски сметки, кредитни кратички и инвестициски фондови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески