Конечниот предлог-извештај за Иран на ОН најверојатно без заклучок

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

Заклучоците од тајниот документ на нуклеарната агенција на ОН, израборен пред шест години, беа експлозивни. Таму стоеше дека Иран најверојано работел на развој на нуклеарна програма.

Две години подоцна, Агенцијата се појави во јавноста. Беа објавени листа од наводни активности засновани на „кредибилни“ докази дека Техеран работел „длабоко во развојот на нуклеарна експлозивна направа“.

Горчливата дебата за тврдењата на САД дека Иран прикрива некои работи, изгледа е прилагодена да биде без климакс, со конечен извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија во кој се очекуваше таа да ретерира поради недостиг од докази или непотврдување на нејзините тврдења.

А Вашингтон? Тие сега избраа да кажат дека „она што било поминало“ додека се фокусираат на спречување во иднина Техеран да создава оружје.

САД одамна потенцираат дека Иран не само што ја крати сегашната нуклеарна програма, туку и дека истовремено признава оти старите нуклеарни оружја се функцонални. Одбивањето на Иран да се огласи со отфрлање на тие тврдења, доведе до серија резолуции и санкции протв Техеран во Советот за безбедност на ОН од 2006 година, па се до неодамна, за латентната закана од воени напади на САД и Израел против иранските нуклеарни постројки.

Овие закани исчезнаа – а приоритетите на Вашингтон се променија – со потпишување на нуклеарнјиот договор од 14 јули, кој САД го составија со Исламската Република. Со тој договор Иран се обврзува да запре со повеќе од една деценија старите нуклеарни технологии кои можат да се искористат за производство на оружје, во замена за ослабување на санкциите.

Но, Техеран рече дека ќе се откаже од договорот ако извештајот на ИАЕА е против земјата – и Вашингтон сега сигнализира дека е подготвен да замижи дури и ако заканата не е само блеф.

Со старата мантра САД го обвинува Иран за „измама и создавање недоверба“ во врска со проблемот со оружјето. Се до средината на јуни, државниот секретар Џон Кери велеше дека извештајот на ИАЕА мора да „ги расчисти сите прашања во врска со специфичностите“ пред која било од санкциите поврзани со нуклеарната програма на Иран да биде укината.

Но, само една недела подоцна, Кери рече дека Вашингтон не е „специјално фиксиран на Иран без разлика што тој нарпавил во еден или друг период“. Всушност, тој рече дека САД се загрижени заради „одењето напред“.

Договорот од 14 јули го повикува Иран „целосно да го имплементира“ планот со ИАЕА за да ја завршат својата истрага. Но, со него се обврзува Техеран само на роковите да обезбедат објаснувања и информации кои самата ќе ги избере до агенцијата навреме, за да им овомозжи на ИАЕА да го објават својот декемвриски извештај. Таму не стои ништо за видот на бараната информација.

Одборот на ИАЕА кој го сочинуваат 35 држави потоа има рок да ја одобри предлог-резолуција која ќе ја усвојат шесте држави кои го потпишаа договорт со Иран – САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија – со што проблемот се остава да здивне.

Шефот на ИАЕА, Јукија Амано е внимателен за да ги елиминира очекувањата, дефинирајќи го претстојниот извештај „ниту црн, ниту бел“. Долго пред тој да прозбори, ирански службени лица ги користеа токму истите зборови, наведувајќи дека тие веќе знаеле дека заклучоците на агенцијата нема да бидат осудувачки.

Но, Иран не сака да ризикува. Сега пред објавување на извештајот, иранските претставници продолжуваат јавно да се закануваат дека ќе се повлечат од обврските по договорот од 15 јули, ако оценките на ИАЕА не се во прилог на нивната земја.

Двајца западни дипломати кои се запознати со случајот, велат дека истите закани им биле предочени и на претсавниците на ИАЕА. Тие побараа анонимност, бидејќи не се овластени да дискутираат за дипломатските чекори.

Иран крева голема врева за да ја затвори книгата со обвинувањата во своја корист, за да се подигнат сите казниви мерки против него и целосно да ја исчисти дамката во врска со својата нуклеарна програма.

Заменик министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, ја објасни стратегијата на неговата земја во коментарите наводно објавени ненамерно и се повлече накратко по објавите во август.

Тој рече дека заканите од неговата земја „ќе предизвикаат самиот Запад да изврши притисок врз ИАЕА за затворање на случајот, што е можно побрзо, за да може договорт да биде имплементиран“.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел