Компанија од Дубаи потврди дека еден брод потонал во близина на иранскиот брег

Од:

Компанијата „Салем Ал Макрани Карго“, со седиште во Дубаи, денеска потврди дека еден од нејзините бродови потонал во близина на иранскиот брег и дека иранските власти испратиле брод да спаси 30 членови на екипажот.

„Шеснаесет луѓе се спасени од водата, 11 се уште се на чамецот за спасување, а две лица останаа во водата“, изјави портпаролот на компанијата.

Компанијата соопшти дека бродот потонал поради лошите временски услови.

Портпаролот додаде дека компанијата е во контакт со пристанишните власти на Асалу во Иран, како и со службите за воздушно спасување на Бахреин поради потенцијална помош.

Претходно иранската агенција ИРНА објави дека бродот на Обединетите Арапски Емирати, кој превезувал автомобили, потонал на 48 километри од иранското пристаниште Асалу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава