Комитетот на министрите на Советот на Европа со зајакнат мониторинг за следењето на пресудите ОМО Илинден против Бугарија

Од:

Комитетот на министрите на Советот на Европа го засилува следењето на начинот на кој Бугарија ги извршува двете пресуди за ОМО Илинден, посебно откако Регионалниот суд од Благоевград одби да ја регистрира организацијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

На последниот состанок на Комитетот на Министрите на Советот на Европа, одржан овааа недела во Стразбур, повторно беше отворено прашањето за извршувањето на пресудите во двата случаи ОМО Илинден против Бугарија, донесени на 19/01/2006 и 18/10/2011 година од Европскиот суд за човекови права.

Според она што успеавме да го дознаеме, со оглед дека состанокот се одвива според редовната процедура зад затворени врати, врз Бугарија повеќе земји принципелно се заложиле да Бугарија доследно ги спроведе овие пресуди. Посебно откако Регионалниот суд од Благоевград на 30 јуни годинава повторно одби да ја регистрира организацијата ОМО Илинден, со речиси истите образложенија кои беа дадени и во претходните одбивања, поради што Бугарија беше осудена од Европскиот суд за човекови права за непочитување на правото на слободно здружување.

Комитетот изразил задоволство од напредокот и дополнителните мерки. Преземени од бугарските власти, но притоа забележал дека тие не се доволни да се спречат нови одбивање на регистрацијата на ОМО Илинден или слични други здруженија, при што изразил и жалење. Комитетот притоа посебно инсистирал идните барања за регистрација да бидат во согласност со одредбите на членот 11 од Конвенцијата, кој се однесува на слободата за здружување.

Комитетот притоа одлучил овие предмети бидат следени во зајакната процедура, во знак на поддршка на напорите кои ги прават бугарските власти во таа насока за ефективно спроведување на пресудите.

Како што стои на веб страницата на Комитетот на Министрите во документот по кој беше донесена одлуката, судовите од Бугарија одбиваат да го регистрираат здружението кое има за цел „признавање на македонското малцинство во Бугарија“, одбивање објаснето од судовите дека тоа ја нарушува националната безбедност и јавниот ред, обвинувајќи го за сепаратизам, како и со уставната забрана за здруженијата да имаат политички цели.

Бугарските власти во дописот до Стразбур образложуваат дека Пресудите на ЕСЧП биле преведени и испратени до Врховниот суд на Бугарија основниот и апелациониот суд од во Софија и Благоевград, а биле сенсибилизарни и судиите со неа.
Но и покрај ова, Регионалниот суд од Благоевград повторно одби да ја регистрира ОМО Илинден, со образолжение меѓу другото дека во статутот на органзиацијата има членови кои повикуваат против националното единство. Предметот сега се наоѓа пред Апелациониот суд од Софија.

Според Софија, утврдени се повеќе извори на тешкотии во процедурата за регистрирање и притоа бугарските власти се обврзуваат дека ќе спроведат мерки за сензибилизација на магистратурата- судиите, односно појаснување на мерките и лажните идеи кои ти ги имаат во оваа област што води до одбивање на барањата за регистрација.

Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, будно ја следи целокупната постапка за овие предмети, и исто како и во другите случаи принципиелно се залага за целосно извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Со оглед дека најновото барање е во процедура на апел пред судот во Софија, Комитетот на министрите на Советот на Европа одлучи повторно да го разгледува случајот на идниот состанок во јануари 2015.

Бугарија притоа била охрабрена да продолжи да состработува со Службата која работи на извршување на пресудите и да го информира Комиетот за понатамошниот развој во однос на овие случаи.

Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, будно ја следи целокупната постапка за овие предмети, и исто како и во другите случаи принципиелно се залага за целосно извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Со оглед дека најновото барање е во процедура на апел пред судот во Софија, Комитетот на министрите на Советот на Европа најверојатно ќе го разгледува случајот на идниот состанок во јануари 2015.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина