Комисијата за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска даде принципелна поддршка за изборот на Британецот, Џулијан Кинг за нов еврокомесар за безбедност.
Изборот на Кинг следи и покрај одлуката на Британците на рефремдумот во јуни за излез на Велика Британија од ЕУ.
По соноќешното сослушување на Кинг, Комисијата денеска заклучи дека кандидатот за еврокомесар за бебзедност, што официјално го предлага претседателот на Европската комисисија, Жан-Клод Јункер, планира „да работи во интерес на ЕУ, а не на одделна земја“.
Согласно процедурата на ЕУ, Комисијата ваквото свое мислење сега треба да го достави до Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент, која ја сочинуваат првиот човек на ЕП и координаторите на пратеничките групи во претставничкото тело на Унијата. По ова за изборот на Кинг треба да се изјаснат европратениците, најверојатно на заседението во четврток.
Конечната потврда за изборот на Кинг за нов еврокомесар треба да ја дадат шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ.
Кинг, кој е поранешен британски амбасадор во Франција, ќе го замени Џонатан Хил, кој поднесе оставка на функцијата по изјаснувањето на Британците за Брегзит.