Командантот на британската армија: Русија загуби половина од својата борбена способност

Од:

Началникот на Генералштабот на Обединетото Кралство, адмирал Тони Радакин, на вчерашното парламентарно сослушување изјави дека Русија изгубила речиси половина од своите борбени способности во Украина.

„Русија изгуби речиси половина од борбената ефикасност на својата армија. Руската армија истрела 10 милиони артилериски гранати во 2022 година, а во најдобар случај може да произведе еден милион гранати годишно. Руската армија загуби 2.500 тенкови, а во најдобар случај да може да произведе 200 тенкови годишно“, рече тој.

Радакин ја опиша инвазијата на Украина како „катастрофален неуспех за Русија“ и ги пофали успесите на украинската армија во сегашната контраофанзива.

„Дури и во последните неколку недели Украина врати повеќе територии отколку што Русија зеде во последната година“, рече Радакин.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород