Командант на НАТО: Можеби ќе биде неопходно да се испратат повеќе војници во Европа

Од:

САД ќе мора да испратат повеќе постојани или ротирачки сили во Европа, изјави денеска американскиот генерал и командант на врховната сојузничка команда на НАТО Тод Волтерс.

Волтерс во американскиот Сенат рече одлуките ќе се засноваат на она што го прават европските нации, како одговор на потребата да се создадат четири дополнителни борбени групи на НАТО во Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија.

Распоредувањето на групите ќе биде насочено кон заштита и влевање доверба во земјите од Источна Европа.

– Мислам дека и понатаму ќе ни треба повеќе, рече Волтерс пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот.

На прашање за претходни американски разузнавачки податоци кои сугерираа дека Русија брзо ќе ја совлада Украина, Волтерс рече дека можеби имало недостиг на информации.

Во врска со руската употреба на хиперсонично оружје во Украина, Волтерс рече дека имало неколку лансирања што се чини дека биле обид на рускиот претседател Путин да ги покаже способностите на својата армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко