Командант на „Ал Нусра“ тврди дека САД се на нивна страна во сириската војна

Од:

Абу Ал Ез, еден од главните команданти на џихадистичката група „Ал Нусра“, која во Сирија се бори на страната на бунтовниците, во интервју за германскиот весник „Коелнер Стадт-Анзеигер“ приза дека САД се на нивната страна во комплицираната сириска војна, но и дека САД се тие кои ги вооружуваат џихадистите од нивната организација.

Како што денеска пренесува белградски „Блиц“, командантот Ал Ез, кој во моментов со своите борци се наоѓа во Алепо, тврди дека има соработка со Американците, иако таа „не е доволна“.

– Да, САД не поддржуваат. Не директно, но ги поддржуваат земјите кои не поддржуваат нас. Сепак, ние не сме во целост задоволни со таквата поддршка“, изјави командантот.

Ал Ез кажа и дека САД треба на бунтовниците да им достават „пософистицирано“ оружје, доколку сакаат да остварат напредок против сириската војска.

– Борбата е тешка, а режимот има руска поддршка, рече Ал Ез и додаде дека ситуацијата во некои делови на Сирија е под контрола.

Американците, според него, на милитантите им доделиле противтенковски ракети.

– Ракетите ни ги донесоа директно. Американците се на наша страна, рече Ал Ез.

До неодамна фронтот „Ал Нусра“ беше еден од најблиските сојузници на Ал Каида.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска