Колумбиската Армија за национално ослободување ќе ги прекине нападите до референдумот

Од:

Втората по големина бунтовничка групација во Колумбија, Армијата за национално ослободување (ЕЛН), прогласи едностран прекин на нападите до 2 октомври, за кога е закажан референдумот за мировната спогодба меѓу Владата и Револуционерските вооружени сили на Колумбија (ФАРК), изјави колумбискиот министер за внатрешни работи Хуан Фернандо Кристо.

– Одлуката, која ја соопшти ЕЛН е добар знак и Владата ја поздравува. Таа ќе го овозможи гласањето на териториите, каде дејствува ЕЛН, рече Кристо на прес-конференција.

Тој изрази надеж дека ЕЛН ќе ги ослободи сите заложници, кои ги држи и ќе се откаже од праксата да киднапира луѓе.

– Доколку тоа биде решено во следните недели, ќе можеме да седнеме на преговарачка маса со веќе објавениот дневен ред. Владата е целосно подготвена за дијалог, но тие бунтовници треба да сфатат дека во ова време киднапирањата се неприфатливи за колумбиското општество, додаде Кристо.

Колумбијците ќе гласаат на 2 октомври за тоа дали да се одобри со закон мировната спогодба меѓу Владата и ФАРК, најголемата бунтовничка група во земјата.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски