Колумбија и Венецуела ги обновија дипломатските односи по три години

Од:

Колумбија и Венецуела повторно воспоставија целосни дипломатски врски, три години откако Каракас ги прекина поради поддршката на Богота за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Колумбискиот амбасадор Армандо Бенедети вчера пристигна во Каракас, а истиот ден во Богота беше пречекан и Венецуелецот Феликс Пласенсија.

– Почнуваме да работиме на обнова на општественото и човечкото ткиво што не обединува, објави колумбиското претседателство во твит со фотографии од пристигнувањето на Бенедети во Венецуела.

Пред да тргне, Бенедети на Твитер напиша дека неговата мисија е „да ги обнови врските со соседот и да ја поправи штетата предизвикана во срцата на двата народи како резултат на прекин во односите што никогаш не требаше да се случи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски