Колку Роми загинале во холокаустот?

Од:

Бројот на Роми кои загинале во холокаустот се проценува од 220 000 до повеќе од милион, но тоа точно не може да се оцени заради малиот број на документирани информации.

Додека фактот дека Ромите не биле третирани како народ, е уште една причина за непознатиот број жртви, објасни на новинарот Муарем Рамуш, на панел дискусијата насловена како „Ромите и холокаустот во Втората светска војна“.

На дискусијата говореше и Љатиф Демир, професор по ромски јазик, култура и книжевност на Универзитет Загреб, кој како што вели „Ромите проаѓајќи од еден во друг круг на пеколот, за време на фашизмот биле соочени со потполно уништување“.

На дискусијата говорниците објаснија дека нацистите веќе во 1933 година направиле план како Европа да се ослободи од Ромите, а како што посочи професорот Демир, во еден од проектите стоело дека сите „Цигани“ би требало да се натоварат на бродови, а потоа да се пуштат на отворено море и да се потопат.

Истребувањето на Ромите за време на Втората светска војна е прашање околу кое многу малку се зборува, а Демир посочи дека за тоа говорат многу сведоштва дека денес Ромите не се ни споменуваат како жртви на Втората светска војна и фашизмот.

„Дури и на процесите каде што се судело на германските фашисти, Ромите не беа третирани како жртви на Втората светска војна“, вели тој, додавајќи дека за останатите народи и нивното страдање постојат библиотеки и огромен број на книги, додека за Ромите и нивната голгота во Втората светска војна се напишани само неколку дела.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов