Колега од работа го отрул милијардерот Лин, творецот на видеоигрите „Игра на тронови“, потврди полицијата

Од:

Кинескиот милијардер Лин Чји, кој почина на 25 декември, бил убиен, поточно отруен, потврди денеска полицијата во Шангај.

39-годишниот Лин беше претседател и извршен директор на компанијата за видеоигри Јузу, најдобро позната по серијалот стратегиски игри „Игра на тронови: Зимата доаѓа“.

Полицијата соопшти и дека еден од колегите на жртвата, идентификуван само со презимето Шју, е уапсен како главен осомничен за убиството. Според локалните медиуми, уапсениот колега на Лин би можел да биде Шју Јао, кој го води делот од компанијата задолжен за филмска продукција.

Се верува дека Лин остава богатство од околу 1.3 милијарди долари, според Хурун Кина, листата на најбогатите луѓе во земјата.

Многумина вработени и поранешни колеги на Лин се собрале денеска пред канцелариите на компанијата за да му оддадат почит на нејзиниот основач.

Јузу минатата недела најпрво издаде соопштение во кое се велеше дека Лин бил примен во болница откако му се слошило, но дека тој е во стабилна состојба.

Но, во петокот, работите добија драматичен тек кога компанијата објави дека нејзиниот прв човек починал.

Локалните медиуми уште веднаш, повикувајќи се на извори во полицијата, информираа дека постои сомневање оти Лин е отруен, а некои објавија информација дека на бизнисменот му бил ставен отров во шолја чај пу’ер, популарен вид ферментирана напивка од провинцијата Јунан.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија