Колапс на градскиот превоз во Неапол

Од:

Во Неапол, дојде до колапс во градскиот превоз бидејќи компанијата за јавен превоз нема пари за гориво, па автобусите ова утро останаа во гаражите.

Поради недостаток на гориво, речиси две третини од градските автобуси останаа паркирани поради празните резервоари, па така поголемиот дел од градот беше парализиран.

Медиумите известуваат дека добавувачите одбиле да испорачаат гориво поради долговите. Компанијата соопшти дека причина за овој проблем е програмата на мерките за штедење.

Неапол, популарна туристичка дестинација поради културното наследство, познат е и по мафијата, но исто така и по кризата настаната во врска со транспортот на комуналниот отпад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески